Општина Толмин (словенечки: Občina Tolmin) — општина во Горичкиот регион, западна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Приморска. Во 2020 г. населението броело 11.003 жители.[1] Најголемо населено место и општинско седиште е градот Толмин.
Во стариот век подрачјето било населено од Илирите, а потоа освоено од Римјаните. Во VI век се доселиле и Словените, предците на денешните Словенци.
Во средниот век подрачјето било под управа на Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до 1420 г. кога потпаднало под Венецијанската Република. Во 1514 г. е преземено од Хабсбурговците и дадено како лено на грофовското семејство Коронини-Кронберг. Средновековните документи сведочат за голем број востанија кои се провлекуваат низ вековите, доживувајќи го својот врв во селанската буна во 1713 г. Оваа буна започнала од Грофовијата Толмин и се проширила во Випавската Долина, висорамнината Крас и крајот Брда, па до северна Истра. Востанието било безмилосно задушено од царската војска, а неговите единаесет предводници биле обезглавени.
Во XVI век овој крај влегол во Грофовијата Горица и Градишка. За време на Првата светска војна Толмин служел како база за пробивот на Сочкиот фронт. На крајот од 1918 г. италијанската војска гп окупирала толминскиот крај, и од 1918 до 1943 г. (формално до 1947 г.) Толмин станал општина на покраината Гориција/Горица (под името Толмино), со исклучок на периодот од 1924 до 1927 г. кога Гориција била укината и ставена во покраината Удине.[2] Од 1943 до 1945 г. подрачјето е заземено од германската воена управа (Оперативна зона Јадранско приморје). Во 1945 г. е ослободен од партизаните, па во 1947 г. е официјално припоен кон Југославија. Оттогаш до денес е дел од Словенја.
Општинат аги опфаќа сливовите ма релоте Толминка и Задчашчица во најнискиот пристапнен дел на Националниот парк Триглав. Од особен интерес во сливот на Толминка е топлиот извор на крајот од патеката. Во околината има неколку впечатливи водопади како Бринта (104 м) и Грегорчичевиот Водопад (88 м), како и неколку помали водопади засолнети во кланците на потоците Мрзли Поток, Годича, Пшчак и Сопотница.