Дејството на филмот се одвива во грегоријанска Англија. Госпоѓата Бенет ги одгледува своите ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија, со намера да ги омажи за богат маж, кој со своето богатство би го издржувал целото семејство. Тие не се од висока класа, а нивната куќа во Хартфордиш ќе биде наследена од далечен роднина, ако умре господинот Бенет. Кога богатиот господин Бингли и неговиот најдобар пријател, господинот Дарси пристигнуваат во градот за да го поминат летото на еден имот што се наоѓа во близина. Тогаш, Џејн се вљубува во Бингли.[1][2]