Козлеровата карта на словенечките земји, дизајнирана за време на Пролетта на народите во 1848 година, која станала симбол на потрагата по Обединета Словенија.
Повеќето Словенци денес живеат во границите на независна Словенија (2.063.077). Покрај Словенија, автохтони словенечки малцинства има и во североисточните делови на Италија (околу 83.000 - 183.000)[1], Австрија 12 554, Хрватска 10.517 и Унгарија 2.385. Словенците се признати како национални малцинства во сите четири држави кои делат граница со Словенија (Австрија, Унгарија, Хрватска и Италија). Во Словенскиот национален попис од 2002 година 1.631.363 етнички се декларирале како Словенци, додека 1.723.434 луѓе рекле дека зборуваат словенечки јазик.
Вкупниот број на Словенци во Австрија е 24.855, од кои 17.953 се претставници на словенечкото национално малцинство, додека 6.902 се странски државјани[2].