Во кадар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во кадар (англиски: In the Cut) е американски филм, во режија на Џејн Кемпион. Главните улоги ги толкуваат: Мег Рајан и Марк Руфало.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот зборува за Френи Ејвери (ја игра Рајан), која работи како наставничка по англиски јазик во едно средно училиште. Една ноќ, таа случајно го здогледува осомничениот човек за едно убиство и со тоа, таа станува главен сведок во полициската истрага. Детективот Џовани Малој (го игра Руфало) доаѓа во нејзината куќа за да ја испита и таа сфаќа дека тој ѝ се допаѓа. Така, тие започнуваат страсна врска. Во меѓувреме, списокот на осомничените се проширува на соработникот на Малој, Родригес, како и на ученикот на Френи, Корнелиус.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 847, 19.9.2014, стр. 18.
  2. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 14.