(Go: >> BACK << -|- >> HOME <<)

Прејди на содржината

Тунел

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тунел е подземен премин. За тунел се смета било кој премин чија должина е најмалку двапати поголема од неговата ширина.

Тунелот може да биде само за пешаци, за велосипедисти, за моторни возила, железнички тунел и сл. Постојат тунели за транспорт на вода за пиење, или тунели кај хидроелектричните централи за пренос на водата до турбините на генераторите за струја.

Во некои европски земји, постојат тунели конструирани под автопатиштата за заштита на дивите животни кои им овозможуваат непречен премин од едната на другата страна на сообраќајниците. Истовремено овие тунели се од помош на возачите и за нивна бебзедност.

Во минатите векови се градели тунели кои служели за бегство од градовите или утврдувањата кои биле под опсада. Или спротивно за продор под бедемите на утврдувањата.

Современите градски сообраќајни системи - метроа, всушност се изградени врз принципот на поврзани тунели на повеќе нивоа.