(Go: >> BACK << -|- >> HOME <<)

Прејди на содржината

Кукуш (округ)

Координати: 41°0′N 22°50′E / 41.000° СГШ; 22.833° ИГД / 41.000; 22.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кукуш
Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς
Округ
Општини во округот Кукуш
Општини во округот Кукуш
Кукуш во Грција
Кукуш во Грција
Координати: 41°0′N 22°50′E / 41.000° СГШ; 22.833° ИГД / 41.000; 22.833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
Админ. центарКукуш
Управа
 • УправникХристос Гуненудис
Површина
 • Вкупна2.519 км2 (973 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно80.419
 • Густина32/км2 (83/ми2)
Пошт. бр.61x xx
Повик. бр.234x0
ISO 3166GR-57
Рег. таб.ΚΙ
Мреж. местоkilkis.gr

Кукуш (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Кукуш.

География

Планините во округот се Пајак (Пајко) на запад, дел од западните краеви на Беласица (Белес или Керкини) на североисток и Круша (Крусија) на исток. Во северниот дел се наоѓа Дојранското Езеро. Се граничи со окрузите Сер на исток, Солун на југ и Постол на запад. На север округот Кукуш се граничи со општините Богданци и Гевгелија и Дојран во Република Македонија.

Стопанство

Стопанството во округот е исклучиво земјоделско. Најважни култури се пченицата, тутунот и памукот. Голема улога има и сточарството. Подрачјето на округот е слабо населено поради особеностите на теренот. Индустриското производство има споредна улога.

Клима

Кукушкиот округ има претежно континентална клима, со студени зими на повисоките места. Во најјужните делови на долината на Вардар климата преоѓа во умереносредиземноморска и средиземноморска.

Општини

Округот Кукуш е поделен на 2 општини. Тие се слдниве (означени со бројки во инфокутиајта):[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски