(Go: >> BACK << -|- >> HOME <<)

Прејди на содржината

Димитар Миладинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 19:02, 12 декември 2012; направена од 94.190.193.42 (разговор) (Откажано уредувањето 2820894 на уредникот MacedonianBoy (разговор))
Димитар Миладинов
Роден/а1810
Струга, Македонија)
Починат/а23 јануари 1862
Цариград, Отоманска Империја
Занимањеславист, публицист и учител
Образованиеосновно училиште во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, Грција.
Период19 век
ЖанрПреродба
Предметпреродбеник и собирач на народни умотворби
Книжевно движењеРомантизам
Значајни делаЗборникот на Миладиновци

Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, денешен Истанбул, 1862) бил народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби и етнограф од Македонија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана борба против денационализаторството, пенхелизмот и политиката на грчката влада на македонските подрачја.

Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција.

Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на бугарски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник (наречен "„Бугарски народни песни“"). Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македонија, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е музичар и мелограф.

Димитар Миладинов често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на панславизмот и Илирското движење.

За време на Кримскиот војна (1853-1856 година) обиколува Босна и Херцеговина. Во 1856 година како учител во Прилеп успева да воведе изучувањето на бугарски јазик во грчко училиште. Поради родолюбивата својата дејност е прогонуван од грчкото духовништво. Учителството во Кукуш (1857-1859 година), Струга (1859 година), Охрид (1860-1861 година), продолжува борбата за рамноправност на Бугарите и нивната култура. Објавило дописки во "Цариградскиот весник" (1860 година), обиколува македонските села и градови, за да собира помош за дострояването на бугарскиот храм "Свети Стефан" во Цариград. Прогласен за "царски душманин" и уапсен од турските власти на 16 февруари 1861 година лежи во затворите во Охрид, Битола, Солун, Цариград.

При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни". Меѓу помагачите при собирањето на песните бил и бугарскиот поет Рајко Жинзифов од Велес. Други соработници на браќа Миладинови (Васил Чолаков) се обезбедување песни и надвор од границите на географската област Македонија.

Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

Генеалогија

 
 
 
 
 
 
Ристе Миладинов
 
Султана Миладинова
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитрија Миладинов
 
Тане Миладинов
 
Наум Миладинов
 
Мате Миладинов
 
Апостол Миладинов
 
Константин Миладинов
 
Ана Миладинова
 
Крстана Миладинова

Надворешни врски

Предлошка:Македонска Литература