Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
2011–12 Лига на шампиони
Фудбалерите на Челси го прославуваат освојувањето на титулата
Податоци за купот
Датуми
13 септември 2011 – 19 мај 2012 (турнир) 28 јуни – 24 август 2011 (квалификации)
Вкупно 76 тима ќе се натпреваруваат во 2011-12 Лигата на Шампиони, од 52 УЕФА асоцијации (Лихтенштајн не организира домашно лигашко првенство). Распределбата на места на дрќавите е одредена според 2010 УЕФА лигашкиот коефициент, во којшто се земаат во обзир перформансите во Европските натпреварувања од 2005-06 до 2009-10.[3]
Подолу е квалификационата шема за 2010-11 УЕФА Лига на шампиони:[4]
Асоцијациите 1–3 имаат по четири тима во игра
Асоцијациите 4–6 имаат по три тима во игра
Асоцијациите 7–15 имаат по два тима во игра
Асоцијациите 16–53 имаат по еден тима во игра (освен Лихтенштајн)
На победниците на Лига на шампиони 2010/11 ќе му беше доделено автоматско место ако не се квалификуваа за турнирот преку перформансот во домашното првенство; но сепак, ова не беше потребно затоа што Барселона, победниците од Лига на шампиони 2010/11, се квалификуваа за Лигата на Шампиони преку домашното првенство.
Бидејќи победникот од 2010-11 УЕФА Лига на шампиони, Барселона, обезбеди место преку местото во домашното првенство, местото за бранителот на групата во фазата по групи беше испразнето. За да се компензира:
Шампионот од асоцијацијата 13 (Швајцарија) беше промовиран од третата квалификациона рунда во фазата по групи.
Шампионот од асоцијацијата 16 (Шкотска) беше промовиран од втората квалификациона рунда во третата квалификациона рунда.
Шампионот од асоцијациите 48-49 (Фарски Острови и Северна Ирска) беа промовирани од првата квалификациона рунда во втората квалификациона рудна.
Тимови влезени во оваа рунда
Тимови од претходните рунди
Прва квалификациона рунда (4 тима)
4 шампиони од асоцијациите 50–53
Втора квалификациона рунда (34 тима)
32 шампиони од асоцијациите 17–49 (освен Лихтенштајн)
2 победници од првата квалификациона рунда
Трета квалификациона рунда
Шампиони (20 тима)
3 шампиони од асоцијациите 14–16
17 победници од втората квалификациона рунда
Нешампиони (10 тима)
9 второпласирани од асоцијациите 7–15
1 третопласирани од асоцијацијата 6
Плеј-оф рунда
Шампиони (10 тима)
10 победници од третата квалификациона рунда за шампиони
Нешампиони (10 тима)
2 третопласирани од асоцијациите 4 и 5
3 четвртопласирани од асоцијациите 1–3
5 победници од третата квалификациона рунда за нешампиони
Групна фаза (32 тима)
13 шампиони од асоцијациите 1–13
6 второпласирани од асоцијациите 1–6
3 третопласирани од асоцијациите 1–3
5 победници од плеј-оф рунда за шампиони
5 победници од плеј-оф рунда за нешампиони
Нокаут фаза (16 тима)
8 победници во фазата по групи
8 второпласирани во фазата по групи
Тимови
Лигашката позиција од минатата сезона е покажана во загради.[5] (П-1рв означувапобедник во плеј-офот на крајот од сезоната)
Покажува дека тимот отпаднал во првата квалификациона рунда.
Покажува дека тимот отпаднал во втората квалификациона рунда.
Покажува дека тимот отпаднал во третата квалификациона рунда.
Покажува дека тимот отпаднал во плеј-оф рундата.
Покажува дека тимот отпаднал во групната фаза.
Покажува дека тимот e во игра (осмина-финале).
Забелешки
ОТ Освојувачи на титулата
Романија (РОМ ): Поради тоа што на Политехна Тимошара, второпласираниот тим во романската лига не му беше доделена лиценца, Васлуи, третопласираниот тим го презеде местото во третата квалификациона фаза од Лигата на Шампиони .[6]
Турција (ТУР): Фенербахче, шампионите во сезоната 2010/11, беа банирани од Турската Фудбалск Федерација на 24 август 2011 од учество во Лигата на Шампионите поради истрагата за местење на натпревари која е во тек[7][8] УЕФА одлучи да ги замени нив во групната фаза со вице-првакот , Трабзонспор, кој претходно изгуби во третата квалификациона рунда и во тоа време се натпреварување во плеј-оф рундата од Европа Лигата.[9]
Рунди и дата на жрепки
Сите жрепки се одржани во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија освен ако не е наведено поинаку.[10]
32 клуба беа поделени во осум групи од четири тима на 25 август 2010 во Монако.[11] Во секој група, тимовите играат секој против себе на домашен и гостински терен. Мечевеите ќе се играат на 13–14 септември 27–28 септември 18–19 октомври 1–2 ноември 22–23 ноември, and 6–7 декември 2010.Победниците и второпласираните од групите ќе продолжат во осмина-финалето, а третопласираниот во рундата од 32 во Европа Лигата.
Ако два или повеќе тима имаат ист број на бодови во групните натпревари, следниве критериуми се применуваат за да се определи ранкингот (во опаѓачки ред):[4]
поголем број на бодови добиени во групните натпревари против тимовите кои се во прашање;
подобра гол разлика против тимовите кои се во прашање;
поголем број на голови постигнати против тимовите кои се во прашање;
поголем број на голови постигнати на гостински терен против тимовите кои се во прашање;
Ако после спроведувањето на критериумите 1 до 4 на неколку тима, два тима имаат сѐ уште ист ранкинг, критериумите од 1 до 4 ќе бидат спроведени на тие тимови;
подобра гол разлика во сите натпревари во групата;
поголем број на голови постигнати во сите натпревари во групата;
поголем коефициент акумулиран во претходните пет сезони исто така и за асоциајциите.
Во 32та учесници има 11 поранешни освојувачи на титули на Европски Куп/Лига на Шапиони (40 титули комбинирано) и 5 тима (Манчестер Сити, Наполи, Трабзонспор, Викторија П’лзењ и Отелул Галати) ќе ги направат првите настапи во групната фаза.[12] Во групната фаза има тимови од осумнаесет УЕФА федерации: Англија и Шпанија со четири клуба, Италија, Германија и Франција со три, Русија и Португалија со два, додека другите 11 асоцијации се претставени со по 1 клуб, од кои сите се шампиони, освен Трабзонспор, кој го замени Фенербахче поради местење натпревари во Турската Лига.
Легенда за боите во групната табела
Победниците и второпласираните од групата продолжуваат во осмина-финалето
Во нокаут фазата, тимовите играат помеѓу себе во два натпревари, освен финалето кое се игра во еден. Жрепката за осмина-финалето се одржала 16 декември 2011. Жрепките за четврт-финалето, полуфиналето и финалето (да се одреди “домашниот“ тим) се одржале на 16 март 2012.
Во жрепката за осминафиналето, осумте победници во групите се носители, и осмуте второпласирани се неносители. Тимот-носител ќе игра против тимот-неносител, така што носителот го игра вториот натпревар на домашен терен. Тимовите од иста група или иста асоцијација неможат да играат помеѓу себе. Во жрепката за четврт-финалето и понатаму, нема носители, и тимовите од иста група и асоцијација можат да се играат меѓу себе.
Најдобрите стрелци и асистенти од 2011-12 Лигата на Шампиони (без квалификационите и плеј-оф рундите) се следниве: Играчите со задебелени букви се сѐ уште во натпреварувањето.