(Go: >> BACK << -|- >> HOME <<)

Бајка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Морфологија: Јазично подобрување, replaced: донатор → дарител (4)
Нема опис на уредувањето
 
(Не се прикажани 26 меѓувремени преработки од 5 корисници)
Ред 1:
[[File:Däumling.jpg|thumb|1865 илустрација на [[Палче]] и [[џин (митологија)|Џинот]]]]
'''Бајка''' или '''сказна''' — тип навид кратка [[приказна]] којашто обично содржи фолклорни измислени карактери, како што се [[самовила|самовили]], [[гоблин]]и, [[трол]]ови, [[џуџе|џуџиња]], [[џин]]ови, [[сирени]] или [[гном]]ови, и најчесто [[магија|магии]]. Приказните може да се разликуваат според [[фолклор]]ното раскажување, како што се [[легенди]]те (кои генерално вклучуваат верба во опишаните настани) и експлицитни морални приказни, вклучувајќи [[басна|басни]] за ѕверови. Во помалку технички контекст, терминот се користи и за опишување на нешто обвиено во невообичаена среќа и радост, како „крај на некоја бајка“ (среќен крај)<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://m-w.com/dictionary/fairy%20tale |title='Fairy Tale' – Definition and More |publisher=[[Merriam-Webster]] |date=August 31, 2012 |accessdate=March 13, 2013}}</ref> или „романтична бајка“ (макар што сите бајки не завршуваат среќно).
Во културите каде [[демон]]ите и [[вештерка|вештерките]] се сметаат за реални, бајките може да преминат во легенди, каде раскажувањето и од раскажувачот и од слушателите се поприма како заснована историска вистина. Сепак, за разлика од легендите и [[еп]]овите, тие обично многу површно упатуваат на [[религија]]та и на вистинските места, луѓе и настани; се случуваат во „си било некое време...” а не во некакво реално време.<ref>Catherine Orenstein, ''Little Red Riding Hood Undressed'', p. 9. ISBN 0-465-04125-6</ref>
 
Ред 6:
Некои [[фолклор]]исти претпочитаат за бајката да го користат [[германски]]от збор ''Märchen'' или „чудесна приказна“ - практика која има добиено на значење преку [[Стит Томсон|Томсон]] и неговата ''Народна приказна'' издадена во 1977 (1948): Бајка е ''приказна на одредена должина која вклучува серија од мотиви или епизоди. Се движи во нереален свет, на замислена локација и со замислени суштества, исполнета со чуда. Во таа недојдија, скромните јунаци ги убиваат непријателите, наследуваат царства и се женат за принцези''.<ref>[[Stith Thompson]], ''The Folktale'', 1977 (Thompson: 8).</ref> Карактерите и мотивите на бајките се едноставни и архетипни: принцези и измеќарки; најмлади синови и галантни принцови; човекојадци, џинови, [[змеј]]ови и [[трол]]ови; злобни маќеи и лажни херои; самовили, куми и други волшебни помагачи, честопати [[коњ]]и што зборуваат, [[лисица|лисици]] или [[птица|птици]]; стаклени планини; забрани и кршење на забраните.<ref>A. S. Byatt, „Introduction“ p. xviii, Maria Tatar, ed. ''The Annotated Brothers Grimm'', ISBN 0-393-05848-4.</ref>
 
== Определба==
== Дефиниција==
[[File:Straparola's The Crucifix Comes To Life.jpg|thumb|right|Од ''[[Враголестите ноќи на Страпатола]]'' од [[Џовани Франческо Страпарола]]]]
Иако бајката е точен [[жанр]] во склопот на поголема категорија [[фолклор]]ни приказни, дефиницијата која го означува делото како бајка е извор на значителни дилеми. Една работа со која сите се согласуваат е дека бајките не мора да содржат самовили. Обичниот стил ги исполнува бајките со [[басна|басни]] за ѕверки и други приказни, а [[схоластичар]]ите се разидуваат до степен во кој присуството на самовилите и/или слични [[митологија|митолошки]] суштества треба да биде земено како разликата. [[Владимир Проп]] ја критикува разликата меѓу „бајките“ и „приказните за животни“ во неговата книга [[Морфологија на бајките]] на основа на тоа дека голем број приказни содржат и фантастични елементи и животни. Сепак, при изборот дела за неговата анализа, Проп искористил руски бајки класифицирани според фолклорни познавања Аарне-Томпсон 300-749 – во каталошкиот систем – за да се добие појасна слика за приказните. Неговата анализа ги идентификува бајките според нивните елементи во [[фабула]]та, но самото тоа е подложно на критики, бидејќи анализата не дозволува приказни во кои нема мисија, а освен тоа, истите елементи се пронаоѓаат и во дела кои не се бајки.
{{cquote|Каде што прашав, што е бајка? Треба да одговорам, прочитај ја [[Ундина (новела)|Ундина]]: тоа е бајка ... од сите бајки што ги знам, мислам дека Ундина е најубава. ([[Џорџ Мекдоналд]], ''Фантастична имагинација'')|20px|20px}}
Како што посочува [[Стит Томпсон]], се чини во бајките се повообичаени животните што зборуваат и присуството на магиите отколку самовилите. Сепак, самото присуство на животни што зборуваат не ја прави приказната бајка, особено кога е јасно дека животното е маска врз човеково лице, како во басните. [[Џ.Р.Р. Толкин]] во неговиот есеј „За бајките“ се согласува да се исклучат самовилите од дефиницијата за бајките, дефинирајќи ги истите како приказни за авантури во земјата на самовилите, на луѓе, принцови и принцези, џуџиња, самовили и не само други магични видови, туку и многу чуда.<ref name="Tolkien15">[[J. R. R. Tolkien]], "[[On Fairy-Stories]]" , ''The Tolkien Reader'', p. 15.</ref>
[[Стивен Свон Џонс]] ''присуството на магијата'' го квалификува како карактеристикаодлика според која бајките може да се разликуваат од другите видови народни приказни. Давидсон и Чаудри ја идентификуваат ''трансформацијата'' како клучна карактеристикаодлика на жанрот.<ref>''The Fairy Tale: The Magic Mirror of the Imagination''. Routledge, 2002, p. 8.</ref> Од психолошка гледна точка, [[Жан Ширијак]] спори дека условот е фантастичноста во овие раскажувања. Во контекст на [[естетика|естетските]] вредности, [[Итало Калвино]] вели дека бајката е главен пример за „брзината“ во литературата, поради економичноста и концизноста на приказните.
 
Главните ликови во бајките се одликуваат со најразновидни телесни и умствени способности, а покрај човек, како главни ликови во нив се појавуваат и [[Митологија|митолошките]] суштества: змејови, ламји, [[Вештерка|вештерки]], зли [[Дух (призрак)|духови]], [[Волшебник|волшебници]], [[Самовила|самовили]] и [[ѓавол]]и. Покрај нив, во бајките се застапени и небесните тела: [[Сонце]]то, [[месечина]]та и [[Ѕвезда|ѕвездите]], како и природните појави — молњата, ветрот, облаците итн. Особено интересни се предметите со волшебна моќ, како што се: летечките ќилими, невидливата облека, видовитото огледало, чудотворниот прстен и чешел итн. Исто така, во сказните се застапени и животните кои најчесто се во добри односи со главниот лик кој им направил некаква добрина, а тие подоцна му враќаат така што му помагаат во неговите најчудесни желби. Главниот и постојан мотив во бајките е борбата меѓу доброто и злото при што во нив секогаш победуваат доброто и правдата поради што тие имаат и педагошка улога.<ref>Томе Саздов, „Народни сказни“, во: ''Волшебни сказни на балканските народи''. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 91-92.</ref>
 
== Историја ==
[[File:Redsun.jpg|thumb|Илустрација на [[Иван Билибин]] на руската бајка [[Василиса Прекрасна]]]]
===Потеклото на бајките===
Од одделните виови народни приказни, [[Басна|басните]] и фантастичните приказни (бајките) се најстари и се смета дека тие потекнуваат од периодот на дивјаштвото. Фантастичната приказна се развила од митот со кој долго време се поклопувала, како според формата, така и според содржината. Таа се јавила на повисокото ниво од развојот на човештвото (најверојатно, кон крајот на дивјаштвото), кога [[мит]]овите значително се размножиле. Во тоа време, бајката почнала да се разликува според формата од митот при што бајката добила прозна форма, а освен тоа, таа била пренесувана индивидуалнопоединечно. Во периодот на варварството и цивилизацијата, бајките се развиле како богата гранка на усната книжевност. Приказните во кои нема чуда се развиле многу подоцна од басните и бајките, иако одредени нејзини видови се појавиле во времето на првите почетоци на [[проза]]та. Во овие приказни се јавуваат мотивите на [[душа]]та, судбината, преминот на душата од умрениот во некое растение или животно, разни преобразувања, [[брак]] меѓу луѓе и животни, животни како помошници, обраќање кон [[бог]]а за пород, богати гозби, [[љубов]] меѓу најблиски роднини, злобни жени, описи на далечни земји, победа на малите луѓе над силните, стапување на [[Сиромаштија|сиромашните]] на царскиот престол, желба за вечен [[живот]], казнување на неправдата и славење на правдата, итн. Поради општите мотиви и неодредените места, често се истакнува меѓународниот карактер на народните приказни, особено на фантастичните, иако бројни приказни содржат и силни национални обележја. Во однос на меѓународниот карактер на приказните постојат две објаснувања: дека мотивите во нив се пренесувале од еден на друг народ преку [[Војна|војните]], [[трговија]]та и пишуваната [[книжевност]]; и дека заедничките мотиви се појавиле спонтано кај различни народи на ист степен на општествен развој.<ref name="ReferenceA">Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: ''Народне приповетке''. Београд: Просвета, 1963, стр. 9-12.</ref>
 
На почетокот, бајката претставувала единство со [[мит]]от, и тоа со оној мит што не се сметал за светост, а во текот на нивниот развој трпеле промени и бајката и митот. На пример, во бајките на [[Словени|словенските]] народи постојат траги од старите [[ПаганизамПаганство|пагански]] митови, иако со текот на времето бројни негови делови биле неповратно изгубени или изменети. Основната тенденција на паганскиот мит ја определила не само длабочината, туку и големата убавина на симболите застапени во бајките. Навистина, отсуството на трагичното и на силните емоции ја прави бајката со помала уметничка вредност во споредба со народната [[Лирика|лирска]] и [[еп]]ска поезија, таа пак има посебна вредност - силните слики прикажани во мајсторска градација и волшебната атмосфера на интимноста меѓу човекот и околниот свет.<ref>Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: ''Народне приповетке''. Београд: Просвета, 1963, стр. 14-16.</ref>
 
Уште повеќе е заплеткан односот меѓу ралноста и фантастиката во бајките. Во таа смисла, постојат различни мислења околу тоа дали фантастиката ја поддржува реалноста. На пример, според [[Максим Горки]], во бајките е изразена способноста на нашите мисли однапред да согледаат некои нешта, далеку пред нивното случување. На пример, уште во далечното минато луѓето мечтаеле за способноста за летање, за побрзото минување на растојанијата на земјата итн., а сето тоа е остварено многу подоцна. Оттука, зад секој вид на древната фантастика се крие стремежот на луѓето да си ја олеснат работата. Слична интерпретација на бајките дава и Продановиќ, според кого во нив го има стошто она што го има и во стварноста, т.е. низ нив дише вистинскиот живот. Оттука, бајките ништо не измислиле, туку само одредени појави им ги припишувале на натприродните сили, ги преувеличувале или ги покриле со таинственост. Поради тоа, реалноста во бајките не страда од фантастиката, туку напротив, она што се случило преку волшебното добива поголеми размери. Чудните симболи што се случуваат во бајките не се обични имзислици, туку бил потребен голем интелектуален напор и генијална интуиција за да се пронајдат тие симболи. Без фантастиката, човекот не можел да ги изрази своите желби, стремежи и намери.<ref>Војислав Ђурић, „О народним приповеткама“, во: ''Народне приповетке''. Београд: Просвета, 1963, стр. 14-14.</ref>
 
=== Историјата на жанрот ===
[[File:Perrault1.jpg|left|thumb|Слика од [[Гистав Доре]] на [[Мајката Гуска]] како чита пишани (книжевни) бајки]]
Бајките постоеле во [[книжевност]]а но тешко е да се определи кога точно настанале. Книжевните дела сведочат дека бајките постоеле со илјадници години, иако можеби непризнати како посебен [[жанр]]; називот „бајка“ најпрвин бил употребен од страна на [[Мадам Д’Олноа]] кон крајот на [[17 век]] а се среќаваат во разни варијации низ [[Култура|културите]] во целиот свет.<ref>Gray, Richard. [http://www.telegraph.co.uk/science/science-news/6142964/Fairy-tales-have-ancient-origin.html „Fairy tales have ancient origin.“] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20090908150605/http://www.telegraph.co.uk/science/science-news/6142964/Fairy-tales-have-ancient-origin.html |date=2009-09-08 }} Telegraph.co.uk. 5 September 2009.</ref> Бајките и делата изведени од нив се пишуваат до денес. Најчесто, бајките биле наменети за деца. [[Браќа Грим|Браќата Грим]] својата збирка ја насловиле „[[Детски и домашни приказни]]“, со што врската со децата само се зајакнала низ времето. Фолклористите ги класифицираат бајките на разни начини. Системот за класификација [[Аарне-Томсон]] и [[Морфологија (лингвистика)|морфолошката]] анализа на [[Владимир Проп]] се најпознати. Други фолклористи ги толкуваат значењата на приказните, но ништо дефинитивно не е утврдено.
 
Првично приказните, што сега ги нарекуваме бајки, не биле одделени како посебен [[жанр]]. Германскиот збор „''Märchen''“ потекнува од [[старогермански]]от збор „Mär“, што значи приказна. Зборот „Märchen“ е деминутив на зборот „Mär“, и според тоа означува „мала приказна“. Заедно со вообичаениот почеток „си било еднаш...“ значи дека бајката или märchen првично била приказна од дамнешно време, кога светот сесè уште бил магичен. [[Англиски]]от збор „''fairy tale''“ потекнува од фактот дека францускиот збор ''contes'' честопати вклучувал бајки. Корените на жанрот доаѓаат од различни усни приказни пренесувани низ европските култури. Жанрот прво бил означен од ренесансните писатели, како што се [[Џовани Франческо Страпарола]] и [[Џамбатиста Базиле]], а се утврдил низ делата на подоцнежните собирачи како [[Шарл Перо]] и [[Браќа Грим|Браќата Грим]].<ref>[[Jack Zipes]], ''The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm'', pp. xi-xii, ISBN 0-393-97636-X.</ref> Во овој развиток, називот на бајката се претворило во кованица кога [[Мадам Д’Олноа]] го измислила терминот ''conte de fée'', или приказни за самовили (на анг. fairy tales), на крајот на [[17 век]].<ref>Zipes, ''The Great Fairy Tale Tradition: From Straparola and Basile to the Brothers Grimm'', p. 858.</ref> Пред дефиницирањето на жанрот [[фантазија]], многу дела што сега би биле класифицирани како фантазија се означени како „бајки“, вклучително и [[Хобитот]] на [[Џ.Р.Р Толкин|Толкин]], [[Животинска фарма]] на [[Џорџ Орвел]] и [[Волшебникот од Оз]] на [[Л. Френк Баум]].<ref>Brian Attebery, ''The Fantasy Tradition in American Literature'', p. 83, ISBN 0-253-35665-2.</ref> Сепак, [[есеј]]от „За бајките“ на Толкин вклучува дискусии за ''светосоздавање''(worldbuilding) и се смета за витален дел на критиката на фантазијата. Иако фантазијата, особено поджанрот на фантастичната бајка силно влече кон мотивите на бајката,<ref>Philip Martin, ''The Writer's Guide of Fantasy Literature: From Dragon's Liar to Hero's Quest'', pp. 38–42, ISBN 978-0-87116-195-6.</ref>
 
Бајката, усно пренесувана, е подкласа на народната приказна. Голем број писатели пишуваат во форма на бајка. Тоа се книжевните бајки, или Kunstmärchen.<ref>Windling, The oldest forms, from ''[[Panchatantra]]'' to the ''[[Pentamerone]]'', show considerable reworking from the oral form. Swann Jones, p. 35, Swann Jones, p. 35.</ref> Најстарите форми од Панчатантра до Пентамерон покажуваат значителни измени во споредба со усната форма. Браќата Грим се меѓу првите кои се обиделе да ги задржат карактеристикитеодликите на усните приказни. Сепак, приказните објавени со нивното име се значително преработени за да одговараат на пишаната форма.<ref>Brian Attebery, ''The Fantasy Tradition in Matthew's American Literature'', p. 5, ISBN 0-253-35665-2.</ref> Книжевните бајки и усните бајки слободно разменуваат фабули, мотиви и елементи едни со други и со приказните за туѓи земји. Голем број [[фолклор]]исти од [[18XVIII век]] се обиделе да ја зачуваат „чистата“ народна приказна, незагадени од литературните верзии. Сепак, иако усните бајки веројатно постоеле илјадници години пред литературните форми, не постои чиста народна приказна, и секоја литературна бајка се базиразаснова на фолклорни традиции, иако само како [[пародија]]. Со ова е невозможно да се пронајдат трагите на претворање во бајка.
 
==Бајките во светската книжевност==
Усната традиција на бајките била пред пишаниот збор. Приказните наместо да бидат запишувани, биле драматично раскажувани или одигрувани и пренесувани од [[генерација]] на генерација. Поради тоа, историјата на нивниот развој е нејасен. Најстарите познати пишани бајки потекнуваат од древен [[Стар Египет|Египет]], околу 1300 година пред нашата ера (на пр. ''Приказната за двајцата браќа''), а потоа бајките се појавиле, овде-онде, во пишаната литература низ културите, бајките како што се ''Златното магаре'', која ја вклучува [[Купидон]] и [[Психа]] ([[Стар Рим|Рим]], 100-200 н.е.) или [[Панчатантра]] (Индија, од третиот век пред нашата ера), но не се знае до кој степен всушност ги отсликувале народните приказнии од тоа време. [[Стил]]истичкиот доказ индицира дека тие, во многу подоцнежни збирки, се преработени народни приказни во литературна форма. Она што го покажуваат е дека бајката има древни корени, постари од тие на [[Илјада и една ноќ]], збирката од магични приказни (составена некаде во 1500 н.е.), како што се [[Викрам и вампирот]] и Бел и змејот. Наспроти таквите збирки и индивидуалнипоединечни приказни, во [[Кина]] [[таоизам|таоистичките]] филозофи како што се [[Лиези]] и [[Жуангзи]] опишувале бајки во нивните филозофски дела.<ref name="Roberts">Moss Roberts, "Introduction", p. xviii, ''Chinese Fairy Tales & Fantasies''. ISBN 0-394-73994-9.</ref> Во пошироката дефиниција на жанрот, првите познати западни бајки се оние на [[Езоп]] (6 век н.е.) во древна [[Стара Грција|Грција]]. [[Џек Зајп]] во ''Кога сништата се остваруваат'',пишува: „Постојат елементи на бајка во [[Кантербуршките приказни]] на [[Чосер]], во [[Самовилската кралица]] на [[Едмунд Спенсер]] и... во голем број од драмите на [[Шекспир]]“.<ref>Zipes, ''When Dreams Came True: Classical Fairy Tales and Their Tradition'', p. 12.</ref> [[Кралот Лир]] може да се смета како литературна варијанта на бајките како што е [[Вода и сол]].<ref>Soula Mitakidou and Anthony L. Manna, with Melpomene Kanatsouli, ''Folktales from Greece: A Treasury of Delights'', p. 100, Libraries Unlimited, Greenwood Village CO, 2002, ISBN 1-56308-908-4.</ref>
 
===Африкански бајки===
Етничкото и јазичното богатство на [[Источна Африка|Источна]] и [[Јужна Африка (регион)|Јужна Африка]] резултирало во богата [[народна книжевност]]. Притоа, кај [[Банту-народи]]те, најраспространети се кратките приказнирасказите со [[животни]], кои често потсетуваат на [[Басна|басните]]. Во нив, секој лик е претставник на доброто или на злото, а многу од нив зборуваат за постанокот на животните или за односот на луѓето со нив. Омиленото животно во приказните на Банту-народот е [[зајак]]от (мудар, снаодлив, итар), а по него доаѓа [[желка]]та. Во приказните на народот [[Зулу]] се појавува Ухлакањана - итро [[џуџе]] со натприродни способности: тој е силен, има способност да се претвора во различен облик и познава разни магии. За разлика од другите Банту-народи, во приказните на народот [[Свахили (народ)|Свахили]], покрај животните, се појавуваат и луѓето со нивните секојдневни настани. Притоа, во овие приказни се задржале елементите што зборуваат за родовското уредување кај овие народи. Во бајките на Банту-народите, елементот на фантастиката (црната [[магија]]) го нема вообичаеното таинствено значење. Кај нив, црната магија е едноставна и блиска до секој човек. Така, секој упорен човек може да ја совлада магијата и да стане семоќен, само ако најде добар учител. Во однос на секојдневната магија, пак, воопшто не е потребно некое посебно изучување, туку неа може да ја совлада секој. Како последица на тоа, во овие приказни, реалното и натприродното природно се испреплетуваат и стојат мирно едно покрај друго. Понатаму, бајките на Банту-народот имаат поучен карактер, а најчесто се потенцираат храброста, [[мудрост]]а, благородноста, итн. Исто така, бајките содржат и [[Лирика|лирски]] елементи и во нив непосредно, топло и поетично се опишува природата. [[Јазик]]от во бајките е јасен, топол, а на моменти изгледа суров и скржав.<ref>Даница Јакшић, „Легенда о Лионго Фумо - израз племенитих стремљења“, во: ''Бајке са југа Африке''. Београд: Народна књига, 1964, стр. 188-190.</ref>
 
===Турски бајки===
Најстарите податоци за турските народни бајки се наоѓаат во творештвото на големиот [[Персиска книжевност|персиски]] поет од [[13 век]], [[Џелалудин Руми]], кој во младоста дошол во [[Анадолија]] и се населил во [[Коња]]. Во некои прилики, Руми се повикува на народните бајки, но не ги наведува изворите, туку само споменува дека „некаде ги чул“ или „некаде прочитал“. Елементи од турските бајки се сретнуваат и кај поетите-мистичари од 13 до [[16 век]]. Најстарата [[книга]] со турски бајки е „Кристален замок (''Billur Köșk'')“ во која се содржани 14 бајки. Точната дата на првото издание на книгата не е позната, иако се сретнуваат неколку [[Литографија|литографски]] или [[Типографија|типографски]] изданија. Сепак, првиот поголем собирач на турските бајки бил унгарскиот [[Ориенталистика|ориенталист]] [[Игнац Кунош]], кој во [[Будимпешта]], во два тома, објавил 98 турски бајки (''Oszman-török nepköltesi gyütémeny'', I-II, 1887, 1889), собрани од неговите патувања во [[Истанбул]], Анадолија и [[Румелија]]. Подоцна, турски бајки објавувале и германските ориенталисти Ф. Гизе, Г. Јакоп и Т. Менцел, а нив ги проучувале и француските ориенталисти Дукурдеманш и Димезил, како и рускиот ориенталист В. Д. Смирнов. Во [[19XIX век]], турскиот автор [[Мехмед Тефик]] собирал турски бајки, а подоцна се правеле напори за систематско собирање на бајките кое, според најголмемиот турски [[Фолклористика|фолклорист]], [[П. Н. Боратав]], резултирало во 3.800 собрани објавени турски бајки.<ref>Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: ''Турске бајке''. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 210.</ref>
<br />
Во турските бајки понекогаш може да се најдат големи личности со бајките на [[Словени|словенските]] народи, народите од [[Кавказ]], [[Монголци|монголските]], [[Татари|татарските]] и [[Узбеци|узбечките]] бајки, како и со бајките од [[Сицилија]]. Овие сличности се објаснуваат со фактот дека во турските [[харе]]ми имало голем број жени од земјите кои ги освоиле [[Османлии]]те, а кои постепено внесувале елементи од бајките на своите народи. Меѓутоа, за разлика од бајките на соседните народи (узбечките, татарските итн.) кои се одликуваат со сликовити описи, турските бајки се безлични и во нив нагласокот е ставен врз дејството, фабулата, додека описите се сиромашни и скржави, со исклучок кога треба да се опише убавината на некоја девојка.<ref>Славољуб ђинџић, „Поговор“, во: ''Турске бајке''. Београд: Народна кљига, 1978, стр. 216.</ref>
Ред 46 ⟶ 48:
 
===Кавкаски бајки===
Живеејќи на раскрсницата меѓу [[Европа]] и [[Азија]], народите од [[Кавказ]] развиле богато усно творештво. Така, уште во записите на [[Ксенофонт|Ксенофон]] се зборува за преданијата на јужните кавкаски народи. Исто така, [[Херодот]] дава сведоштваза усното творештво на народите кои живееле во денешен [[Азербејџан]] и запишал многу нивни [[легенди]]. Но, иако од порано се знаело за кавкаските бајки, првите сериозни проучувања започнале во [[19XIX век]], а од тој период потекнуваат првите записи на кавкаските бајки. Голем број од овие бајки се автентични и настанале во подрачјето на Кавказ, но многу од нив биле преземени од [[Арапи|арапските]] извори, т.е. потекнуваат од [[Персија|персиското]] народно творештво. Имено, бројните освојувачи на овој регион со себе ги носеле и мотивите присутни во народните приказни при што тие доживеале бројни трансформации во согласност со обичаите, [[морал]]ните закони, верувањата и економските прилики во кавкаскиот регион. Исто така, во некои бајки се среќаваат мотивите од [[ГрчкаСтарогрчка митологија|грчкатастарогрчката митологија]].<ref>Ц. Котевска, „Бисери народног духа“, во: ''Кавкаске бајке''. Београд: Народња књига, 1963, стр. 177-178.</ref>
 
Основниот мотив во кавкаските бајки е јунаштвото и благородната борба против злото, што произлегува од вековната борба на кавкаските народи против разните освојувачи. На пример, некои од старите ерменски бајки, како „За Гајка и Бела“, зборуваат за отпорот на [[Ерменци|ерменскиот]] народ против [[Асирија|асирските]] освојувачи, додека познатата бајка „За раѓањето на Ваагна“ се зборува за светлото и за темното царство, за огнените [[коњ]]и, за [[јаболко]]то на бесмртноста и за бестрашните јунаци. Најчесто, како носители на дејството во кавкаските бајки се јавуваат необичните јунаци со наприродни способности. Често, ваквите [[џин]]ови-јунаци се израз на непријателите, па така, тие се физички силни, но со слаби човечки особини и поради тоа, во борбата против послабите луѓе од народот, тие се губитници. Во многу кавкаски бајки се присутни фантастичните елементи и најчество дејството се одвива во некои далечни и непознати краишта. Сепак, според колоритот и амбиентот јасно може да се распознае дека тие се случуваат на Кавказ, зашто често во приказните се опишани густите шуми, длабоките долини, брзите планински реки и високите, карпести планини. Истовремено со фантастичните елементи, во бајките се присутни и сликите од реалниот живот при што тешко може да се одреди границата меѓу фантастичното и секојдневниот живот. Во продолжение, во многу кавкаски бајки, како јунаци се појавуваат [[животни]]те, а [[коњ]]от е најверниот другар на главниот јунак и често тој е неговиот советник и заштитник. Меѓутоа, во некои бајки, животните се непријатели на [[човек]]от. Најпосле, во кавкаските бајки се присутни и елементите на [[хумор]]от, пркосот и потсмевот против владеачките слоеви.<ref>Ц. Котевска, „Бисери народног духа“, во: ''Кавкаске бајке''. Београд: Народња књига, 1963, стр. 178-180.</ref>
 
===Полски бајки===
Иако не постојат цврсти докази, сепак се претпоставува дека почетоците на полското усно народно творештво датираат од раниот [[среден век]]. Вредноста на народното богатство почнала да се цени дури во [[18XVIII век]], а првите обиди за систематско собирање на народните творби датираат од [[19XIX век]], кога започнува пишаната историја на полските бајки. Притоа, полското народно творештво било под големо влијание на [[Католичка црква|католичката црква]], која се трудела да ги уништи сите остатоци од [[паганство]]то, така што во народните творби има малку елементи од [[Словенска митологија|словенската митологија]]. Исто така, големо влијание врз развојот на полските народни приказни имале и културните и политичките врски со [[Западна Европа]], како и брзиот развој на полскиот народен [[јазик]]. Полските бајки се одликуваат со релативно малку фантастични елементи, а оние што се присутни најчесто имаат [[Христијанство|христијанско]] потекло. Сепак, во бајките се задржале и некои мотиви и теми од источната книжевност, т.е. од стариот месопотамски, египетски, грчки и латински [[фолклор]]. Оттука, и во полските бајки се среќаваат различни чудовишта, волшебници итн., а животните и луѓето се рамноправни ликови. Посебна одлика на полските бајки е реализмот во прикажувањето на општествените односи, иако понекогаш односите од реалниот живот се пренесуваат во сосема неочекувана нереална ситуација. Оваа постапка им дава на полските бајки поетска црта и го прикрива туѓото потекло на мотивите и темите. Притоа, народниот раскажувач го ставал туѓиот мотив во кругот на своите животни искуства, а како резултат на тоа, некои бајки се појавуваат во десетици варијанти.<ref>Стојан Суботин, „Поговор“, во: ''Пољске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 157-159.</ref> Инаку, во полското народно творештво се среќаваат бројни приказни чие дејство се одвива во туѓите земји. Сепак, најубавите и најоригиналните бајки се поврзани со [[Село|селскиот]] живот. Инаку, во однос на стилот, народниот раскажувач често прави граматички и стилски грешки, често употребува елиптични [[Реченица|реченици]], а понекогаш и анаколут, а системот на [[мотивација]] не е единствен, туку содржи бројни празнини.<ref>Стојан Суботин, „Поговор“, во: ''Пољске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 160.</ref>
 
Најчести јунаци во полските бајки се т.н. мали луѓе со скромно потекло, кои благодарение на својата вештина, мудрост и храброст успеваат да направат големи дела и да напредуваат во општествената хиерархија. Според најголемиот познавач на полското народно творештво, професорот [[Јулијан Кшижановски]], „основата на таквите приказни секогаш е длабокото убедување во вредноста на човекот, без оглед на неговото класно потекло. Тоа убедување обично е проследено со непријателско чувство кон моќните луѓе, од богатиот брат во селската куќа до [[кнез]]от или [[крал]]от, кои обично ги победува или итриот или само среќниот сиромашен човек. Според тоа, тука се јавува непоколеблива вера во праведноста која ги регулира меѓучовечките односи... Најпосле, нормална појава во народната приказна е восхитот кон човечката храброст, кон нескршливата верност кон себе... одржувањето на дадениот збор, верноста кон [[љубов]]та и пријателството...“ <ref>Стојан Суботин, „Поговор“, во: ''Пољске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 159-160.</ref>
 
===Унгарски бајки===
Најстарите пишани сведоштва за унгарските народни приказни потекнуваат од средината на [[18XVIII век]], а писателот [[Андраш Дугонич]] (1740 - 1818) е еден од првите собирачи на унгарските народни бајки. За него се зборува дека често ги посетувал селските панаѓури и запишувал сè што ќе слушнал од селаните. Исто така, познати собирачи на народни приказни биле и [[Јанош Берза Наѓ]], [[Ѓула Иљеш]] и [[Емил Грандпијер Коложварди]], чии збирки често претставуваат вистински [[Антологија|антологии]] на унгарските народни приказни. Притоа, некои од собирачите ги дотерувале изворните приказни, како што е случајот со Иљеш, кој во поговорот на својата збирка забележува дека се трудел приказните да ги прикаже во „нивната срж“, но на некои места ги ублажувал местата на кои се среќаваат груби зборови, страшни или сурови сцени. Меѓутоа, без сомнение, приказните настанале многу порано: некои од нив потекнуваат од периодот на [[крал]]от [[Матија Корвин]] ([[15 век]]), а некои уште порано, од времето на селските бунтови, првенствено во [[Ердељ]] ([[Трансилванија]]). Сепак, бидејќи светот на [[салаш]]ите се задржал во неизменета форма до почетокот на [[20XX век]], толку долго се задржала и усната традиција во унгарската народна книжевност.<ref>Иван Ивањи, „Поговор“, во: ''Мађарске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 163-166.</ref>
 
Во унгарските бајки, старците се секогаш мудри или пак се прикажани како добри или лоши [[Волшебник|волшебници]]. Од друга страна, [[крал]]от, како олицетворение на богатството, најчесто е лош и затоа на неговото место често доаѓа синот на некој сиромашен селанец, кој со своето јунаштво или со итрината успеал да дојде до престолот. Понекогаш, приказните се реалистични: свињарот го надмудрува [[поп]]от, [[Сиромаштија|сиромашниот]] селанец ги надитрува месарите или сиромашниот брат го надмудрува побогатиот брат. Секоја унгарска бајка содржи некоја [[морал]]на поука: ако си добар, ќе ти се врати со добро; помогни му на посиромашниот од тебе; кој се качува високо, може да падне ниско, итн. Понекогаш, во бајките се појавуваат историски реминисценции, но само површно. Притоа, еден од ретките добри кралеви во бајките е кралот Матија Корвин, а како лош крал често се јавува [[Прусија|прускиот]] крал (''burkus kiràly''). Во бајките, чудата се често поврзани со работата: [[Мравка|мравките]], [[Џуџе|џуџињата]], [[патки]]те, [[ѓавол]]ите и чудотворните [[Говеда|волови]] и [[коњ]]и ги извршуваат работите наместо главниот јунак. Слично на тоа, најголемиот дел од бајките завршува со [[свадба]], најчесто со некоја принцеза, која е [[симбол]] на [[убавина]]та и на богатството.<ref>Иван Ивањи, „Поговор“, во: ''Мађарске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 163-165.</ref>
 
===Бајките во западната книжевност===
Во западната [[литература]], бајките се појавиле во [[16 век|16]] и [[17 век]], книгата со „[[Ѓаволестите ноќи на Страпарола]]“ од [[Џовани Франческо Страпарола]] ([[Италија]], 1550 и 1553), која содржи многу бајки, како и во [[неапол]]ските приказни на [[Џамбатиста Базиле]] (Неапол, 1634-1636), кои се сите бајки. [[Карло Гози]] употребил многу мотиви од бајките во неговите [[Сценарио|сценарија]] на [[комедија дел арте]], вклучувајќи го она засновано на „[[Љубов за три портокали]]“ (1761).<ref>Italo Calvino, ''Italian Folktales'', p. 738. ISBN 0-15-645489-0.</ref> Во исто време, [[Пу Сонглинг]] во Кина вклучил голем број бајки во неговата збирка, [[Чудни приказни од едно кинеско студио]] (издадена постхумнопосмртно, 1766). Самата бајка станува популарна меѓу повисоката француска класа (1690–1710), а меѓу приказните кажувани во тоа време се оние на [[Лафонтен]] и на [[Шарл Перо]] (1697), кој ги утврдил формите на „[[Заспаната убавица]]“ и „[[Пепелашка]]“. Иако збирките на Страпарола, Базиле и Перо содржат најстари познати форми на разни бајки, стилистичкиот доказ е дека сите писатели ги препишувале приказните поради литературниот ефект.
 
===Собирачи на бајки===
[[File:Gustave Dore le chat botte.jpg|thumb|лево|Илустрација на Гистав Доре за ''[[Мачорот во чизми]]'']]
Првите собирачи на бајки се обиделе да ги зачуваат не само фабулите и ликовите на приказната, туку и стилот на кој биле раскажувани, при што [[Браќа Грим|браќата Грим]] собирале германски бајки; иронично, иако нивното прво издание (1812 и 1815) останува како богатство за фолклористите, тие ги преработиле приказните во последните изданија за да ги направат поприфатливи, по што следувале нивните продажби и подоцнежната популарност. Таквите литературни форми не влечеле материјал само од народните приказни, туку и влијаеле врз истите. Браќата Грим одбиле неколку приказни во нивната збирка, иако биле усно пренесувани од Германците, бидејќи приказната била деривирана од страна на Перо, со што заклучиле дека тоа се француски, а не германски приказни; усната верзија на [[Сината брада]] била така одбиена, а приказната Бриар Роза, очигледно поврзана со [[Заспаната убавица]] на Перо, била вклучена само затоа што [[Јакоб Грим]] го убедил својот брат дека ликот [[Бринхилдир]], од многу постара [[скандинавска митологија]], докажувајќи му дека заспаната убавица е автентичен германски фолклор. Помислата дали да ја задржат Заспаната убавица одразила вообичаено верување кај фолклористите од [[19XIX век]], дека народната традиција ги зачувала бајките во формите од праисторијата, освен кога се „контаминирани“ од литературни форми, што води кон раскажување неавтентични приказни. Руралните, неписмени и необразовани селани, доколку биле добро изолирани, претставувале народ и раскажувале чисто народни приказни. Понекогаш ги сметале бајките како некаква форма на фосил, остатоци од некогашна совршена приказна. Сепак, понатамошните истражувања заклучиле дека бајките никогаш немале фиксна форма, и без разлика на литературното влијание раскажувачите постојано ги менувале за свои цели. Делата на браќата Грим влијаела и други собирачи, но ги инспирирала да собираат приказни по што почнале на сличен начин да веруваат во духот на романтичниот национализам, дека бајките на една земја се претставник нејзин, со што го занемариле вкрстувањето на културите. Меѓу таквите биле Русинот [[Александар Афансјев]], Норвежаните [[Петер Кристен Асбјорнсен]] и [[Јорген Мое]], Романецот [[Петер Испиреску]], Англичанецот [[Џозеф Џејкобс]] и [[Џеремаја Кртин]], Американец кој собирал ирски приказни. [[Етнограф]]ите собирале бајки од целиот свет, пронаоѓале слични приказни во Африка, Америка, Австралија; [[Ендрју Ланг]] успеал да искористи не само пишани приказни од Европа и Азија, туку и оние собрани од етнографите, за да ги исполни неговите „обоени“ серии на бајки. Исто така охрабрувале други собирачи на бајки, како што е [[Јеи Теодора Озаки]] и неговата збирка Јапонски бајки (1908), охрабрен од Ланг. Во исто време, писателите како [[Ханс Кристијан Андерсен]] и [[Џорџ Мекдоналд]] продолжиле со традицијата на литературни бајки. Андерсен понекогаш црпел од старите народни приказни, но најчесто пишувал мотиви од бајки и фабули во сосема нови приказни. Мекдоналд вклучил мотиви од бајки во нови бајки, како што е [[Лесната принцеза]] и во делата кои преминале во фантазија како што се [[Принцезата и гоблинот]] или [[Лилит]].
 
== Меѓукултурно вкрстување ==
Поради општите мотиви и неодредените места, често се истакнува меѓународниот карактер на народните приказни, особено на фантастичните, иако бројни приказни содржат и силни национални обележја. Во однос на меѓународниот карактер на приказните постојат две објаснувања: дека мотивите во нив се пренесувале од еден на друг народ преку [[Војна|војните]], [[трговија]]та и пишуваната [[книжевност]]; и дека заедничките мотиви се појавиле спонтано кај различни народи на ист степен на општествен развој.<ref name="ReferenceA"/> Бајките со многу слични фабули, ликови и мотиви се наоѓаат во разни култури.<ref>Orenstein, pp. 77–78.</ref> Голем број истражувачи велат дека тоа е предизвикано од раширувањето на таквите приказни, бидејќи луѓето повторуваат приказни што ги чуле од разни земји, иако усната природа го оневозможува трагањето по патеката на ширењето, освен преку носење заклучоци. [[Џозеф Џејкобс]], споредувајќи ја шкотската приказна „Витезот со гатанки“ (''The Rider of Riddles'') со верзијата на [[Браќа Грим|браќата Грим]], „Загатката“, забележал дека во [[шкотска]]та верзија еден јунак завршува во [[Полигамија|полигамен брак]], што можеби укажува на тогашниот обичај, но во „Загатката“, поедноставната загатка можеби спори поголем антиквитет.<ref>[{{Наведена мрежна страница |url=http://www.surlalunefairytales.com/authors/jacobs/moreceltic/ridere.html |title=Joseph Jacobs, ''More Celtic Fairy Tales''. London: David Nutt, 1894.] |accessdate=2013-10-13 |archive-date=2010-02-06 |archive-url=https://web.archive.org/web/20100206025940/http://www.surlalunefairytales.com/authors/jacobs/moreceltic/ridere.html |url-status=dead }}</ref> Фолклористите од „финската“ (или историско-географската) школа се обиделе да го најдат потеклото на бајките, но без резултати. „Малата Бријар Роза“ се чини дека потекнува од „[[Заспаната убавица]]“ на [[Шарл Перо|Перо]], додека приказната на Грим се чини дека е единствената независна германска варијанта. На сличен начин, блиското согласување меѓу воведот на верзијата на Грим за „[[Црвенкапа]]“ и приказната на Перо посочува на меѓусебно влијание – макар што верзијата на Грим има поинаков крај (можеби земен од „[[Волкот и седумте јариња]]“). Бајките, исто така, имаат тенденција да ја преземаат бојата на нивната локација, преку изборот на мотиви, стилот на кој се раскажувани и отсликувањето на карактерот и локалниот колорит.
 
== Поврзаност со децата ==
[[File:Cutlery for children detail.jpg|thumb|Детски прибор за јадење. Детаљ кој покажува сцени од бајки: [[Снежана]], [[Црвенкапа]], [[ИвицаЈованче и МарицаМарика]].]]
Првично, бајките биле наменети како за возрасни така и за деца. Литературните бајки се појавиле во делата како наменети за возрасни, но во 19XIX и 20XX век, бајките почнале да бидат поврзувани со детска литература. Во модерно доба, бајките биле менувани за да може да ги читаат и деца. [[Браќа Грим|Браќата Грим]] се концентрирале најмногу на елиминирање на сексуалните наводи; [[Заспаната убавица|Трнорушка]], во првото издание, открива дека после посетата на принцот облеката и се стеснала, со што кажува дека е трудна, но во следните изданија тоа било исклучено.<ref>Tatar, ''The Hard Facts of the Grimms' Fairy Tales'', p. 32.</ref> Од друга страна, во многу аспекти насислтвото – особено казнувањето лоши ликови – биле зголемено. Подоцнежни ревизии го изоставаат насилството; [[Џ.Р.Р. Толкин]] забележал дека во Смрека„Смрека“ честопати е изоставана [[канибализам|канибал]]истичката каша, во верзијата наменета за деца. Со морализирачкиот бран во [[Кралица Викторија|Викторијанската ера]] се менувани класичникласичните приказни за да се укажатукаже на одредени поенти, како кога [[Џорџ Крикшенк]] ја препишал [[Пепелашка]] во 1854 за да содржи умерени темигодина. Неговиот познаник [[Чарлс Дикенс]] се противел на таквиот третман: „Во утилитарноутилитарното доба, од сите други времиња, многу е важно бајките да бидат почитувани“.<ref>K. M. Briggs, ''The Fairies in English Tradition and Literature'', pp. 181–182, University of Chicago Press, London, 1967.</ref> [[Психоанализа|Психоаналитичарите]] како што е [[Бруно БетлемБетелхајм]], кој суровоста во старите бајки ја сметал како индикација за психолошки конфликти, силно го критикувал ова изоставање, бидејќи така се намалувала нивната корисност и за децата и за возрасните, како начини за симболично разрешување проблеми. Адаптирањето на бајки за деца продолжува. Влијателниот цртан филм [[Снежана и седумте џуџиња]] на [[Волт Дизни]] бил главно наменет (иако не целосно) за деца. [[Аниме]]то [[Магичната принцеза Минки Момо]] е добиена од бајката [[Момотаро]]. [[Џек Зајпс]] потрошил многу години во преработување старите традиционални приказни да бидат пристапни за модерните читатели и нивните деца.
 
Во својата книга „[[Значењето на бајките]]“, Бруно Бетелхајм пишува: „Без оглед на тоа колку може да изгледа наивно, принцот и принцезата кои се венчаваат и го наследуваат кралството, владеејќи во мир и во среќа, за дете го симболизираат највисокиот можен вид на постоењето, зашто детето токму тоа го сака за себе: успешно, мирно да управува со своето кралство — сопствениот живот — и среќно да се соедини со најпосакуваниот партнер кој никогаш нема да го напушти.“<ref>Mirjana Popović, „Pogovor“, во: Mihael Ende, ''Beskrajna priča''. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 367.</ref>
 
== Мотиви ==
Ако се споредат бајките, може да се открие дека голем број од нив се исти. Две највлијателните класификации се оние на [[Анти Аарне]], ревизирани од [[Стит Томсон]] во системот за класификација Аарне-Томпсон, и [[Морфологија на народните приказни]] на [[Владимир Проп]]. Овој систем ги групира бајките и народните приказни според нивната целокупна [[фабула]]. Одбрани се вообичаени препознатливи особини за да се одреди кои приказни да се групираат заедно. Според тоа голем дел зависи од кои особини се сметаат за одлучни. На пример, приказните како [[Пепелашка]] – во која осудената хероина, со помош на самовилата-кума или сличен магичен помошник, посетува настан каде ја очека принцовата љубов и е идентификувана како вистинската невеста – се класифицирани како тип 510, осудена хероина. Некои такви приказни се: „Извонредната бреза“, „Кејти Дрвенанаметка“, „Приказната за Там и Кам“, „Је Џиан“, „Кеп О'Рушес“, „Мачја„Мачешка кожа“, „Убава, кафена и треперлива“, „Алериура“. Со понатамошна анализа на приказните, се покажува дека во „Пепелашка“, „Извонредната бреза“, „Приказната за Там и Кам“ и „Је Џиан“, хероината е осудена од нејзината [[маќеа]] и не добива дозвола да оди на бал или на друг настан, а во „Убава, кафена и треперлива“ од нејзините сестри и други женски ликови, и овие се групирани во 510А; „Кеп О’Рушес“,„ МачјаМачешка кожа“, и „Алериура“, хероината е избркана од дома поради претпазливост на нејзиниот татко и мора да работи во некоја друга кујна, и овие се групирани како 510Б. Но, во Кејти Дрвенанаметка таа е избркана од дома поради претпазливоста на нејзината маќеа и мора да служи во друга кујна. Со оглед дека овие особини се вообичаени за 510, „[[Кејти Дрвенанаметка]]“ е класифицирана како 510А, бидејќи непријателот е маќеата. Системот има свои слабости поради тешкотијата да не може да ги класифицира поделовите на еден мотив од приказна. „[[Заспаната убавица]]“, односно „Трнорушка“ е тип 310 (девојка во кула), но започнува со дете од кое се бара во возврат за украдена храна, како „Падоки“; но „Падоки“ не е приказна со девојка во кула, додека „Принцот канаринец“, која започнува со љубоморна маќеа е таква.
 
== Морфологија==
Ред 85 ⟶ 89:
Честопати се критикувани специфични анализи, бидејќи придаваат голема важност на мотивите кои не се битни за приказната; ова честопати потекнува од третирање на еден пример за бајка како дефинтивен текст, каде приказната е раскажувана и прераскажувана на многу варијации.<ref>Alan Dundes, "Interpreting Little Red Riding Hood Psychoanalytically", pp. 18–19, James M. McGlathery, ed., ''The Brothers Grimm and Folktale'', ISBN 0-252-01549-5.</ref>
 
Други фолклористи ги интерпретирааттолкуваат приказните како историски документи. Голем број германски фолклористи, верувајќи дека приказните се зачувани уште од древни времиња, ги употребувале приказните на [[Браќа Грим|Грим]]ови за да објасна древни обичаи.<ref>Zipes, ''The Brothers Grimm: From Enchanted Forests to the Modern World'', p. 48.</ref> Други фолклористи историски го објаснуваат ликот на лоша маќеа: голем број жени умирале при пораѓање, нивните сопрузи се преженувале и маќеите се натпреварувале со децата од претходниот брак околу богатството.<ref>[[Marina Warner]], ''From the Beast to the Blonde: On Fairy Tales And Their Tellers'', p. 213. ISBN 0-374-15901-7.</ref>
 
== Бајките во современата книжевност ==
Ред 94 ⟶ 98:
== Бајките во филмовите ==
[[File:Snow white 1937 trailer screenshot (2).jpg|thumb|right|Секвенца од филмот Снежана на [[Волт Дизни]].]]
Бајките се драматично „екранизирани“; постојат податоци за ова во [[комедија дел арте]]<ref>Grant and Clute, "Commedia Dell'Arte", p. 219.</ref> и подоцна во [[пантомима]]та<ref>Grant and Clute, "Commedia Dell'Arte", p. 745.</ref>. Со појавувањето на кинематографијата, таквите приказни значело дека може да се презентираат на поверојатен начин, со употребата на специјални ефекти и анимација; [[Волт Дизни|Дизни]]евиот цртан филм „[[Снежана и седумте џуџиња (цртан филм)|Снежана и седумте џуџиња]]“ во 1937 бил првенец за бајките, и всушност, генерално бил фантазија. Влијанието на Дизни помогнало да се утврди овој жанр како детски жанр, и се обвинува за симплификацијатаупростувањето на крајот на бајките во ситуации каде сè се претвора во добро, спротивно на болката и страдањето. Многу екранизирани бајки се главно правени за деца, од подоцнежните дела на Дизни до прераскажувањето на [[Василиса Прекрасна]] од [[Александар Ру]], првиот [[СССР|советски]] филм кој употребил руска народна приказна во високобуџетен филм. Останатите ги употребувале конвенциите на бајките за да создадат приказни со чувство релевантно за посовремен живот, како во „[[Лавиринт]]“, „[[Мојот сосед Тоторо]]“, филмовите на [[Мајкл Оцелот]], и „Среќно засекогаш“.
 
Други дела прераскажуваат познати бајки на помрачен, пострашен или психолошки начин, главно насочен кон возрасните. Значајни примери се „[[Убавицата и ѕверот (филм)|Убавицата и ѕверот]]“ на [[Жан Кокто]]<ref>Terri Windling, [http://www.endicott-studio.com/rdrm/forbewty.html Beauty and the Beast] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20070927185227/http://www.endicott-studio.com/rdrm/forbewty.html |date=2007-09-27 }}</ref> и „Волчја глутница“, засновани на [[Црвенкапа]] од [[Ангела Картер]]. На сличен начин, [[Принцезата Мононоке]], [[Пановиот лавиринт]], Суспириа и Спајк даваат нови приказни во овој жанр за разлика од мотивите во бајките и фолклорот. Во смешните и анимираните ТВ-серии „Сендмен“, „Револуционерката Утена“, „Принцеза Туту“ и сл. се наоѓаат елементи на бајки во различни аспекти, но попрецизно може да се категоризираат како бајки-фантазии, поради дефинитивни локации и карактери за кои е потребно подолго раскажување. Помодерна екранизирана бајка би била „[[Белите ноќи (филм)|Белите ноќи]]“ на [[Лукино Висконти]], во која глуми [[Марчело Мастројани]] пред да стане ѕвезда. Вклучени се многу романтични конвенции од бајките, а сепак се случува во повоена [[Италија]] и завршува реално.
 
== Литература ==
* Antti Aarne and Stith Thompson: ''The Types of the Folktale: A Classification and Bibliography'' (Helsinki, 1961)
* Thompson, Stith, ''The Folktale''.
* Heidi Anne Heiner, [http://www.surlalunefairytales.com/introduction/earliesttales.html "The Quest for the Earliest Fairy Tales: Searching for the Earliest Versions of European Fairy Tales with Commentary on English Translations"] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20100103202143/http://surlalunefairytales.com/introduction/earliesttales.html |date=2010-01-03 }}
* Heidi Anne Heiner, [http://www.surlalunefairytales.com/introduction/timeline.html "Fairy Tale Timeline"] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20101201063146/http://www.surlalunefairytales.com/introduction/timeline.html |date=2010-12-01 }}
* Carrassi, Vito, "Il fairy tale nella tradizione narrativa irlandese. Un itinerario storico e culturale", Adda, Bari 2008; English edition, "The Irish Fairy Tale: A Narrative Tradition from the Middle Ages to Yeats and Stephens", John Cabot University Press/University of Delaware Press, Roma-Lanham 2012.
 
==Надворешни врски==
* [http://www.itellyouastory.com Бајки и басни во традицијата и стварност преку фантазијата] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20130920042736/http://www.itellyouastory.com/ |date=2013-09-20 }} {{en}}
 
==Наводи==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бајка